Министерот за образование на Србија одговорил погрешно на прашање од тест за мала матура

Министерот за образование на Србија Toмислав Јовановиќ одговорил неточно на едно од 12 прашања од збирката за мала матура.

Како што објави весникот Блиц министерот кој е професор на Медицинскиот факултет, неточно одговорил на прашање од областа на биологијата.

“Трагедијата е уште поголема бидејќи и одговорот во збирката е неточен, што потврдува дека збирките како и целиот проект – мала матура е правен „наврат-нанос“” , стои во весникот.

Министерот се обидел да се оправда за неточниот одговор.

“Намерно дадов погрешен одговор за да укажам на апсурдност на тоа прашање. Такви прашања не смеат да се појават во збирката, ниту на завршниот испит. Од 12 прашања што ми ги поставија новинарите, само на едно одговорив неточно, но нема да трпам таков однос кон мене како професор на Медицинскиот факултет” , вели Јовановиќ за Блиц.

Прашањето на кое министерот во интервју за Б92 не го знаел одговорот било: - Кој од наведените процеси што се одвиваат на земјата има спротивна насока од останатите: дишење, испарување, кондензација или транспирација?

Министерот рече дека тоа е транспирација, а во збирката пишува дека точен одговор е – кондензација.

"Точен одговор е дишење. Значи погрешиле министерот и оние кои ја пишувале збирката во која се наведува дека тоа е кондензација" , вели за весникот Весна Сурчински, професорка по биологија која се консултирала со колеги.

Со признавањето дека во збирките за тестовите постојат апсурни прашања, министерот потврди пишување на весникот дека воведувањето трет тест за учениците ќе направи само штета.

"Во проектот мала матура вложени се пет милиони евра, а оние кои составуваат прашња, добија големи пари за тоа. Очекувам од нив да исправат што треба да знаат осмооделнците, како што е ветено и на третиот тест да добијат прашања од основното, општо образование", посочи министерот.

 

 

 

 

 

07.02.2014 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега