Марио Драги: Еврозоната не е соочена со дефлација

Марио Драги, гувернерот на Европската централна банка (ЕЦБ) изјави дека еврозоната не е соочена со дефлација и покрај ниската инфлација, која би можела да биде загрижувачка на подолг период.

“Нема дефлација во еврозоната”,  изјави гувернерот на редовната месечна прес-конфереција, посветена на монетарната политика.

Тој меѓутоа предупреди дека соочувањето со ниска инфлација на подолг период претставува ризик сам по себе.

"Во ноември веќе интервениравме", посочи гувернерот на ЕЦБ, осврнувајќи се на намалувањето на референтната каматна стапка ЕВБ за 0,25 отсто на почетокот на ноември.

07.02.2014 - 10:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа