Поднесе оставка романскиот министер за финансии

Даниел Кицоју , романскиот министер за финансии  синоќа поднесе оставка откако е покрената истрага против неговата сопруга под сомневање за примање мито.

“Одлучив повеќе да се фокусирам на активности во Народната либерална партија бидејќи оваа година имаме важни избори - европски (избори за ЕП) и претседателски”, изјави Кицоју. 

Тој негираше дека оставката има каква било врска со скандалот со неговата сопруга.

07.02.2014 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега