Полицијата со солзавец реагирала врз демонстрантите во Тузла- повредени 100 полицајци и 28 демонстранти

Над сто полицајци и околу 28 демонстранти се повредени во синоќешните протести во босанскиот град Тузла.

Полицијата користела солзавец врз демонстрантите кои го пробиле полицискиот кордон и демолирале дел од зградата на кантоналната влада.

Веќе два дена по ред околу 6000 граѓани во Тузла протестираат против лошата економска состојба во земјата а како знак на поддршка протести се организирани и во Сараево, Бихаќ и Зеница.

07.02.2014 - 09:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега