МОНСТРУМ: Табличките на „Опел омегата“ се од Мерцедес регистриран во 2005

Двајца вештаци вчера во Кривичниот суд зборувале за примероците земја земени од местото која Смилковското Езеро и местото Вражји вир, каде беше пронајдена црвената „Опел Омега“, како и за потеклото и сопственичката структура на автомобилот, пишува Академик.

Вештакот вчера потврдил дека компаративната метода и лабораториската анализа на примероците земја покажале дека земјата која се наоѓа на патосниците на „Опел омегата“ и калниците се совпаѓа со земјата околу Смилковското езеро.

На вчерашниот главен претрес, се зборувало и за потеклото и идентификациониот број на „Опел омегата“ како и за потеклото на регистерските таблички „SK 499 MT“ што беа ставени на возилото во моментот на неговото пронаоѓање. Според вештакот, регистерските таблички се оригинални, но му припаѓаат на возило „Мерцедес 123“, чиј последен сопственик кој е арачиновец, го регистрирал во 2005 година. Вештакот посочил дека идентификациониот број и идентификационата картичка на автомобилот се оригинални ставени од производителот во 1994 година. Вештакот не прецизираше кој е последен сопственик на Опелот, туку посочи дека возилото не е регистрирано во Македонија, а преку Интерпол може да се пронајде движењето на сопственичката структура на возилото.

Вештакот истакнал дека го вештачел и дисплејот, седиштата, километражата, и производството на возилото.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро кое се случи на 12. април 2012 година, се обвинети Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута. Според обвинението, седуммината обвинети сакале да влеат страв кај македонското население и да се загрози безбедноста на земјата.

Македонските власти чекаат на екстрадицијата на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во екстрадиционен притвор во Приштина.

07.02.2014 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега