Сарачини ќе ја пофали Македонија во Турција

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска и утре ќе престојува во посета на Бурса, Република Турција, каде ќе присуствува на вториот меѓународен економски Самит на балканските земји.

Самитот се организира под покровителство на Владата на Република Турција - Директорат за турската дијаспора и пријателите на Турција. Организатор на е РУМЕЛИСИАД, организацијата на индустријалци на Турција, во соработка со градот Бурса и Стопанската комора на индустријалците на Бурса, град кој годишно извезува стоки во вредност од над 10 милијарди евра.

На Самитот е најавено присуство на турскиот премиер, вицепремиер и министри на Владата на Република Турција, министри за економија на земјите од регионот, како и околу 800 бизнисмени од регионот.

Сарачини на Самитот ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија. 

07.02.2014 - 08:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега