Златна зора држи предавања за „национална свест“ на децата

Крајно десничарската грчка партија Златна зора започна со предавање за „националната свест“ на децата меѓу шест и 10 години.
На својата веб страница пишува дека во канцеларијата на партијата, во Артемида, источна Атика, во саботата било одржано предавање на кое присуствувале 20 деца, а според партијата, децата учеле за „грчките идеали“ и им било прикажано „едукативно видео“. 

Партијата, за која на последните избори во јуни гласаа 6,9 отсто од избирачите, соопшти дека родителите биле советувани и во иднина да ги носат своите деца на предавања со кои ќе се обезбеди „повторно раѓање на грчкиот дух“.

 

најчитано сега