ВИДЕО: Избрани главните актери за новата Аватар трилогија- премиера во 2016 година

Режисерот Џејмс Камерон ги најави своите големите планови кои ги има за својот мегахит “Аватар”  и изјави дека за него ќе има дури три дела.

Тој официјално потпиша договори со актерите од првиот дел на филмот со што Сем Вортингтон и Зои Салдана кои играа во оргиналот – првиот “Аватар” 2009. Година ќе ги толкуваат главните улоги и во новите продолженија.

Другиот член на актерската трилогија ќе биде Стивен Ленг, кој во оригиналниот филм го глумеше британскиот воен командант.

Дали неговиот лик ќе биде оживеан во новите продолженија, не е познато. Сепак, откриени се интересни информации кои ќе ја разбудат имагинацијата на филмските фанови. Вортингтон и Салдана во новиот филмски проект ќе имаат деца.

Премиерата на првиот дел од франшизата се очекува во декември 2016. Година а вториот дел е планиран за 2017 година, а завршниот дел од трилогијата ќе биде промовиран кон крајот на крајот на 2018.

06.02.2014 - 15:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега