Ја стерилизирале а родила петорка - на 21 година има 11 деца!

 

Девојка од Газа која има 11 деца вели дека откако ги родила првите шест била на стеризилација, но потоа повторно останала бремена. Нимет ал Батад има 21 година и 11 деца. Вели дека сакала машко дете, но и покрај напорите сепак сите деца кои ги раѓала биле женски.

- Сакав машко дете и родив шест деца, но не го добив посакуваното. Потоа бев на стерилизација. Повторно останав бремена иродив петорка, вели мајката.

Откако дознала дека е повторно бремена, девојката отишла на гинеколог сакајќи да абортира, но докторите не сакале да го направат овој зафат бидејќи била во третиот месец од бременоста.

- Ми рекоа дека не сакаат да убијат пет деца, вели младата мајка.

Така, ега оваа девојка има дури 11 деца, на само 21-годишна возраст.

06.02.2014 - 15:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега