Партиите во украинскиот Парламент заедно ќе работат на измените во Уставот

Партиите застапени во украинскиот Парламент денеска се договорија заеднички да работат на изработката на измените на Уставот, со цел тие да бидат усвоени на почетокот на следната недела.

Од опозицијата бараат да се врати уставот од 2004 година, со кој Парламентот имаше повеќе надлежности, додека со сегашните уставни решенија поголеми ингеренции има претседателот.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович и неговата Партија на регионите, која има парламентарно мнозинство, се против предлог за големени надлежности на Парламентот.

Володимир Рибак, претседател на Врховната рада и  член на владеејчката партија, денеска изјави дека во следните денови заедно со шефовите на пртеничките групи и со претставници на претседателот на државата ќе ги разгледаат формулациите на законскиот предлог за измени на Уставот.

“ Следната недела треба да се донесе решението, можно е во вторник или во среда, да дебатираме за овој предлог-закон”, рече Рибак пред членовите на 450-члениот Парламент. Тој соопшти дека утрешното пленарно заседание на Парламентот се одлага за да може да има расправа во парламентарните комисии за уставната реформа.

Кличковели дека пролонгирањето на процесот со уставната реформа „само ја зголемува температурата во општеството“.

Според него на следните неколку заседанија на Врховната рада нема да се гласа за измените на Уставот затоа што во Парламентот „не се носат принципиелни одлуки“, туку решенијата се носат „еднострано од страна претседателот, кој ја има целата власт“.

06.02.2014 - 15:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега