По 20.000 денари за ергените и немажените девојки од Лозово кои ќе стапат во брак

Советниците и градоначалникот на општина Лозово најдоа начин како да ги мотивираат сите немажени девојки и ергени да стапат во брак. Сите немажени и неженети кои ќе се одлучат да стапат во брак, ќе добијат 20.000 денари.

Одлуката се однесува на ергените над 40 години и на девојките над 35 години.

- Мислам дека на овој начин ќе ги мотивираме сите оние кои немаат склучено брак да стапат во брачна заедница и со тоа да го зголемиме наталитетот во општината кој е во опаѓање, потенцираше градоначалникот Цветковски.

Тој информира дека одлуката ја поддржал и бизнисменот, Благој Механџиски кој се заложил да им понуди можност за вработување соодветно според нивното образование и бесплатни медицински прегледи до породувањето доколку се согласат да стапат во брак.

Така, за оние момчиња и девојки кои ќе се согласат да склопат брачна заедница предвидени се 50.000 денари како помош за опремување на домашна бања и 50 литри ракија и 100 литри вино на брачната веселба.

06.02.2014 - 14:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега