Грипот до сега кутнал 7.778 лица - бројот на заболени постојано во пораст

Грипот зема се поголем замав. Институтот за јавно здравје информира дека во текот на петтата недела годинава, се евидентирани нови 2.350 лица заболени од грип, што претставува зголемување за 12,4 отсто доколку бројката се спореди со заболените од грип во текот на минатата четврта недела.

Кога станува збор за бројката на заболени од грип во петтата недела од минатата сезона, оваа сезона има зголемување за 7,3 отсто, а во однос на просечниот број на заболени кој изнесува 1.738, има зголемување од 35,2 отсто.

Според податоците, заклучно со петтата недела, во земјава има 7.778, а за жал до сега регистрирани се и два смртни случаи. 

Во јануари пријавени се најголем број на случаи со симптоми на грип 6.801 или 87,4 отсто од вкупниот број на заболени во целата сезона, а најголемиот број заболени во оваа сезона се регистрирани на територијата на Велес, Кавадарци и Скопје. Најголем дел од заболените се на возраст меѓу 15-64 години.

Бројот на пријавени случаи непрекинато расте. Во циркулација се двата подтипа на вирусот на инфлуенца А и инфлуенца Б вирусот, со доминација на вирусот на инфлуенца А/Х3Н2, стои во соопштението од Институтот за јавно здравје. 

06.02.2014 - 14:04
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега