ЕП ја усвои резолуцијата за Македонија

Со 486 гласови "за", 55 "против" и 29 "воздржани", денеска Европскиот парламент ја усвоија резолуцијата за напредокот на Македонија во 2013 година, предложена од страна на британскиот европратеник Ричард Ховит

Како што јавува МИА, ЕП жали што одлагањето на датумот за преговори ја акцентира растечката фрустрација на јавното мислење во однос на ќорсокакот во која се наоѓа процесот на интеграција во Унијата и ризикува да предизвика проблеми и тензии во земјата, жали и поради фактот дека Советот не ја повтори истата формулација од 2012 година во однос на Македонија. 

Македонија се повикува да продолжи со реформите и да им стави крај на нејзините политики и практиките кои можат да претставуваат пречка за нејзината европска иднина. ЕП подвлекува дека продолжувањето со одлагањето на датумот за преговори за членство предизвикува зголемена и непридвидливо чинење за земјата и регионалната стабилност, се бара од владата и Комисијата да направат проценки и квантитативна анализа за социјалната и економската цена на последиците од непроширувањето и политичките ризици на национално и регионално ниво од неутврдувањето датум од страна на Советот за почеток на преговори.

ЕП смета дека критериумите од Копенхаген се доволно исполнети за земјата да ги започне преговорите и оти членство во ЕУ е кога една земја ги исполнува целосно истите. Поздравена е добрата клима на петте билатерални средби меѓу работните групи од Македонија и Бугарија и дека дијалогот од тие рамки е добра рамка за да се разгледаат чувствителните прашања од историјата, населението или другите заедничи теми меѓу двете земји, бара да бидат донесени позначајни мерки за да се постигне во корисно време билатерален договор кој е најадекватен во тој поглед. ЕП е загрижен повторно наспроти користењето на историските аргументи во дебатата со соседите и бара позитивен напредок во прославувањето на заеднички историски личности и настани со земјите членки на ЕУ. Тука е и залагањето за зајакнување на научната соработка и охрабрувањето на позитивното однесувањ ена младите кон соседите, како изработка на учебници со педагошки материјал без идеолошки интерпретации на историјата. Се изразува жалење за угледот на земјата во областа на слободата на медиумите и за заштитата на слободата на изразување. Тука е споменат и случајот со затворањето на новинарот Томислав Кежаровски, јави МИА.

Во резолуцијата се изразува жалење за отсуство на интегрирано образование и се повикува на разбивање на стереотипите, етничките поделби и промовирањето на инклузивна двојазичност на незадолжителна основа, се осудуваат сите видови на ултранационализам.

06.02.2014 - 13:46
Фото: 
missions.com.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега