Неколку скопски населби утре без струја

 

Проверете кои скопски населби утре ќе останат без електрична енергија.

Скопските села Мирковци и Горно Нерези утре од 9 до 15 часот ќе останат  без електрична енергија.  Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улицата „Киро Фетак“ во Драчево, а од 11 до 15 часот дел од корисниците лоцирани на улицата „Кичевска“.

Детското одморалиште на Водно без струја ќе биде од 9.30 до 15 часот, а од 15 до 17 часот корисниците лоцирани на улицата „Сава Ковачевиќ“, поточно претпријатијата во кругот на фабриката „Мирка Гинова“. Од 9 до 13 часот без струја ќе останат дел од корисниците лоцирани на улицата „Пушкинова“ од куќен бр. 1 до 9 и дел од корисниците од улицата „Сава Ковачевиќ“ бр. 11 и 13.

- Прекините се со цел реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овие реони, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

06.02.2014 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега