Средба Џафери-Васиќ: Потврдена одличната соработка на полето на одбраната и безбедноста
Mинистерот Талат Џафери и заменик-министерот за Косовските безбедносни сили, Јасмина Васиќ, денеска во Министерството за одбрана, ја потврдија одличната соработка во полето на безбедноста и одбраната.
Како што информираат од Министерството за одбрана, на средбата Џафери-Васиќ соговорниците изразиле задоволство за за можностите за користење на капацитетите на армискиот полигон „Криволак“, како и за останатите капацитети кои се дел од МО и тоа Регионалниот центар за односи со јавноста, кој е и НАТО-центар за земјите од Партнерството за мир и Военомедицинскиот центар.
Министерот Џафери информирал дека Македонија е подготвена во иднина да ги споделува искуствата, научените лекции и капацитетите кои ги поседува, на билатерално, но и регионално ниво.
Заменик-министерот за Косовските безбедносни сили, Васиќ, ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ каде во моментов се школуваат шест припадници на Косовските безбедносни сили.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа