Ново место за спорт и рекреација - никнува повеќенаменско игралиште во велешко

Во велешкото село Иванковци никнува ново повеќенаменско игралиште кое ќе биде ново место за спорт, рекреација и забава на дечињата. 

Како што денеска информира потпаролот на Општина Велес, Мартин Мајсторов, се работи за повеќенаменско игралиште долго 45 и широко 28 метри, кое ќе овозможи подобри услови за спорт во селото.

- Инаку, преку претходно одобрен проект на Општина Велес од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, центарот на село Иванковци ќе добие нов лик. Наскоро ќе се реализира и проектот за изградба на улици и реконструкција на каналот кој минува низ селото, рече Мајсторов, додавајќи оти градоначалникот на Велес Славчо Чадиев информирал дека имаат добиено грант од скоро 5 милиони денари, информира Мајсторов.

Се очекува до пролет да се заврши реконструкцијата на локалниот пат до селото Иванковци.

06.02.2014 - 13:05
Фото: 
denesen

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа