Ја распарчиле и изеле сопствената мајка - нов канибал хорор го потресе светот
Нов грозоморен настан го потресе светот. Властите на филипинската покраина Магуинданао на островот Минданао започнале постапка против тројца браќа кои си ја убиле и и ги изеле органите на сопствената мајка.
Се работи за 35-годишниот Данте Амил и неговите помлади браќа 21-годишниот Парој и 18-годишниот Ибрахим кои сакајќи да истераат зли духови од својата мајка, најверојатно додека биле под влијание на дрога, и ги врзале рацете и нозете, ја распарчиле со мачети и ја изеле.
Момчињата инаку потекнуваат од кланот Барангај Даскил од Ампатуан, кој во тамошниот фолклор се смета за „родно место“ на лошите духови и чудовишта слични на вампири или зомбија.
Настанот ја згрози светската јавност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа