Делови од Центар и Ѓорче Петров утре без струја

Корисниците од улицата „Пролет“ бр. 1, влез 3 и бр. 14, влез 3 во општина Центар утре од 8 до 15 часот ќе бидат без струја.

Во периодот од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од кејот „13 Ноември“, поточно бр.34, 36 и 38 во општина Центар.

Од 10 до 13:30 часот, електрична енергија ќенемаат и дел од корисниците од улицата „Ѓурчин Кокале“ во општина Ѓорче Петров.

- Прекините се со цел реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони, информира РЦУК–Скопје. 

05.02.2014 - 18:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа