Без јавни настани 20 дена пред и за време на кампањата

 

Заменик министерката за правда Билјана Бришкоска-Бошковски, денеска изјави дека во периодот од 20 дена пред отпочнување на изборна кампања и за време на изборна кампања не може да се одржуваат јавни настани по повод започнување на изградба на патишта или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавните фондови.

- Под забрана за одржување на јавни настани не се подразбира давање јавна изјава од страна на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција на митинг, интервју на медиуми, дебата на медиуми или одговор на новинарско прашање, рече Бришкоска-Бошковски.

За потсетување, Изборниот законик беше донесен со консензус од сите политички партии.

05.02.2014 - 16:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега