ЕК: САД да ги укине визите за сите граѓани на ЕУ

Европската комисија побара од Вашингтон да го укинат визниот режим за оние граѓани на ЕУ, на кои се уште им е потребна виза за влез во САД, нагласувајќи дека доколку тоа не се случи, Унијата би можела да воведе визи за американските државјани.  

Во оваа група спаѓаат граѓаните на Полска, Романија, Бугарија, Кипар и Хрватска.

Освен за САД, виза на некои граѓани од новите членки на ЕУ им е потребна и за влез во Канада, додека Австралија бара виза за сите државјани на ЕУ, но нивниот третман не е подеднаков.

Со новата регулатива на ЕУ, која стапи на сила од 20 декември минатата година, од земјите-членки се бара „заеднички да настапуваат“ по прашањето за визите, посебно во случаи кога странските земји „различно ги третираат граѓаните на Унијата“.

 

Европската комисија предупредува дека доколку САД не го решат овој проблем во рок од шест месеци, ЕУ би можела да воведе визи и за американските дипломати. 

05.02.2014 - 15:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега