Ставревски: Вработуваме и градиме - тоа е она што СДСМ највеќе го боли

 

Вицепремеирот и министер за финансии, Зоран Ставревски, денеска на седница истакна дека опозициската СДСМ најмногу ја боли што Владата на ВМРО-ДПМНЕ гради болници, патишта...

Опозицијата обвини дека парите од кредитите се трошат непродуктивно, дека државата најмногу се задолжува пред избори.

Министерот одговарајќи на обвинувањата рече дека со пари од кредити се реализирани бројни проекти како што се водоводот во Чанаклија, во Василево, се решил деценискиот проблем со водоснабдувањето во Кавадарци.

„Со вакви проекти се изградија локални и регионални патишта во сите делови на Република Македонија. Со вакви проекти се изградија мнопгу спортски сали во сите градови. Се решаваат проблеми со водоводи и фекални канализиации кои вие и СДСМ не ги решававте. Се решаваат егзистенцијални прашања за кои вие немавте слух, ниту знаење и волја да ги решите. Со вакви проекти започнува реализацијата на пругата кон Бугарија, реконструкцијата на железницата по должината на Коридор 10. Со вакви проекти ќе се гради нов клинички центар, нова клиничка болница во Штип, се набавува нова опрема за болниците. Со вакви проекти се градат училишта и станови. Ете тоа е тоа што вас ве боли“, одговори министерот Ставрески.

Според него, благодарение на најниските даноци во Европа, во земјава дојдоа инветситори кои отворија многу работни места.

„Дрекселмаер во Кавадарци отвори 3031 работни место, Кронберг и Шуберт во Битола – 822 вработувања, Џонсон Контролс во штип 900 вработувања, во скопската зона досега се раеализирани 5000 вработувања, а до крајот на 2014 ќе има уште 6000. Тоа се 11.000 нови вработувања. Тоа е тоа што вас ве боли“, вели Ставрески.

Во изминатите пет години од сите земји во Европа повеќе кредити зела само Естонија, а Македонија и натаму е во групата најниско задолжени земји. Само три земји се помалку задолжени од Македонија.

„Се позјмуваа пари и во ваше време, го набилдавте долгот на 38%, денес тој е 34%. Се земаат помалку кредити, но парите се трошат на правилен начин и ефектите се видливи“, вели министерот за финансии, Зоран Ставрески.

05.02.2014 - 14:10
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега