Силен ураган во Западна Франција отсече 25.000 домови

Утринава 25.000 домови беа отсечени од светот откако синоќа силен ураган ја зафати француската област Бретања.

Брзината на ветрот надмина 41 метар во секунда.

Електродистрибутивната компанија „Е-Ер-Де-Еф“ прави проценка на мрежата за напојување и постепено го обновува снабдувањето со струја.

Компанијата соопшти дека врвот на лошото време бил синоќа пред полноќ по локално време, кога околу 40.000 домови во Бретања биле отсечени од светот.

За денеска во Западна Франција продолжува да важи предупредувањето за бура. Во девет департмани по атлантското крајбрежје е прогласено зголемено ниво на метеоролошка опасност поради ураганот.

05.02.2014 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега