ФОТО: Србинка го воодушеви Арнолд Шварценегер - еве зошто

Запознајте ја Србинката Бојана Васиљевиќ која е вицешампионка во боди фитнес. Таа изјави дека Арнолд Шварценегер се воодушевил од неа.

„Можете ли да замислите каков коментар даде за мојот изглед!“ – рекла возбудено Бојана Васиљевиќ.

Таа е една од најуспешните српски спортистки во Америка, а со добивањето на „професионална карта“ влегла и во самиот врв на светскиот бодибилдинг и фитнес.

Веќе неколку години живее во Лос Анџелес, каде работи како фитнес модел, натпреварувачка, но и персонален тренер на холивудски лица во познатата теретана Голдс џим на Венис. Сепак, нејзиниот сон не бил само влезот во елитата на светскиот бодибилдинг и фитнес. Токму таму пред неколку дена имала шанса да ја види познатата ѕвезда Арнолд Шварценегер, легендата на бодибилдингот, кој и’ дал низа комплименти на изгледот, но и и’ покажал некои вежби.

05.02.2014 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега