МВР негира: Нема опасни “игри“ со возење во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

На социјалните мрежи деновиве кружат информации дека на автопатите низ Македонија се организираат опасни “игри“ со возење во спротивна насока. 

Според се почестите објави на социјалните мрежи, корисниците се загрижувачки и покажуваат дека оваа појава е реална опасност за животите на оние кои ќе се најдат на патот Скопје-Велес.

Надлежните од Министерството за внатрешни работи негираат дека постојат вакви игри со возење во спротивна насока. Од МВР смируваат дека ваков настан до сега не бил пријавен во полиција.

Веста за опасните игри кои сеат страв на автопатот ја демантираат и од страна на агенцијата за патишта.

 

 

05.02.2014 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега