Патник исфрлил човек низ прозорот од автобус

Еден човек бил исфрлен од прозорот на автобусот кој бил во движење а овој шокантен момент го снимил возач на лондонските улици.

На снимката може да се види дека човекот е шутнат во ребра, и потоа буквално прелетува низ прозорот на автобусот и завршува на тротоарот.

Возачот на автобусот рекол дека на сред возење еден од патниците дотрчал до него, за да му каже дека на горниот кат има конфликт.

"И додека забавував, на ретровизорот го видов телото на тротоарот. Си помислив, што се случува?", вели возачот за BBC.

Тој вели дека го запрел автобусот и се јавил во полиција да каже што се случило.

"Кога излегов од автобусот, видов дека човекот е во лоша состојба. Се обиде да стане, меѓутоа имаше повреди на рбетот и почна да искашлува крв", продолжува возачот.

Полицијата работи на случајот и трага по насилникот.

05.02.2014 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега