Жално: Осумгодишно девојче почина по првата брачна ноќ

Кошмар го потресе Јемен. Осумгодишно девојче кое го омажиле со 40-годишен човек, почина на првата брачна ноќ.

Како што јавува АP, девојчето починало поради сексуалниот однос кој довел до внатрешно крварење. 

Според податоците на ОН секое четврто девојче во Јемен се мажи пред да е на возраст од 15 години , а во периодот меѓу 2011 и 2020 година над 140 милиони малолетни девојки ќе си имаат сопруг. 

Во 2009 година во земјата беше усвоен закон кој забранува склучување на брак , ако едниот од двојката не наполнил 17 -годишна возраст. За жал, набрзо овој закон беше поништен.

05.02.2014 - 13:20
Фото: 
Журнал.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа