Синот на Ибрахим Ругова заврши во затвор

Kaко што јавија медиумите во Приштина ЕУЛЕКС го уапси Ук Ругова, синот на поранешниот претседател Ибрахим Ругова, во нивниот дом во Приштина, како и уште седум лица што се поврзуваат со организиран криминал.

Адвокатот на Ук Ругова Бајрам Тмава потврди дека со налог на обвинителот на ЕУЛЕКС тој е уапсен и дека му одреден 48 часовен притвор.

Според Тмава ЕУЛЕКС се сомнева дека синот на поранешниот претседател на Косово бил вклучен во организиран криминал и злоупотреба на службена должност

05.02.2014 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега