Цеца: Многу години ме обвинуваа - сега конечно треба да живеам

Српската пејачка Цеца Ражњатовиќ беше уапсена и лежеше во затвор па подоцна и беше во куќен притвор. Многу луѓе ја напаѓаа а таа се бранеше со ќутење.

Кога некој ќе ја праша зошто беше уапсена во акцијата „Сабја“ и дали има некаква врска што во нејзината куќа е пронајдено оружјето на нејзиниот сопруг Аркан, Цеца на ова ќе одговори дека таа е одамна завршена приказна.

- Сите тоа го знаете, но тоа е одмана завршена приказна. Многу приказни се раскажани, искрено незнам ни што да ви кажам. Непријатно се чуствувам поради тој период. Многу ретко раскажувам што ми се случило, не сум човек кој сака да галами по медиумите и можеби тоа ми е голема грешка. Да бев бучна и да се бранев од секакви напаѓања, можеби подобро ќе поминев во животот немаше да ми лепат секакви етикети“, изјавила Цеца.

Таа додава дека незнае зошто била на милост и немиост од преходната власт.

- Знам само дека тоа траеше 10 години, од 2003 година, и мене енкои работи ми се нејасни. Ниту можам да дојдам до одговор, ниту повеќе се трудам. Сега е готово се, повеќе не е важно. Сакам да живеам со полна пареа сега кога го тргнав тој огромен товар од својот грб за своето семејство. допрва треба да живеам.

Познато е дека Цеца И Аркан беа пријатели со Ружица и Зоран Џинџиќ

- Да бевме пријатели. Жељко и Зоран беа во одлични односи, а на концертот на „Маракана“ првиот букет го добив од Ружица и Зоран. и по смртта на Жељко Зоран и јас бевме во добри односи. И прв беше тој да ми изрази сочуство, и ми рече 

„Ајде заедно да го тргнеме од валст Милошевиќ. Го одбив, со политика никогаш не сум се занимавала и никогаш нема. А потоа се случуи страшната несреќа и мислам дека сите многу изгубивме по неговата смрт.

Пејачката изјави дека не била осудена дека затајува данок и дека тоа никогаш не го направила.

- Тоа се случуваше во време на ембаргото кога беше возможно само плаќање во кеш. Казнета бев поради трансфер чиј дел додје во кеш и прите беа на моја сметка. Затоа плаќам казна, а не поради затајување на данок, тие мислат дека јас на тој начин искористила. Секој денар што доаѓа од играчите е вложен во „Обилчич“, тоа е се евидентирано па овој стадион не е паднат од небо. Тој чини многу пари, рекла Цеца.

 

 

 

 

 

 

 

05.02.2014 - 12:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа