Лорен: Лукијан ќе биде голема ѕвезда!
Лорин која вчера беше специјална гостинка во Икс-Фактор, ги воодушеви сите со својот спектакуларен настап, а неа пак ја воодушевил натпреварувачот на Емина, Лукијан Ивановиќ.
- Лукијан ме воодушеви, видов како ја пее мојата песна на аудицијата. Верувам дека може да стане голема ѕвезда, вели Лорин.
Лукијан кој зад сцената се запозна со победничката на Евросонг, вели дека е среќен што продукцијата му овозможила да се запознае со ѕвезда како Лорин.
- Нејзината песна на некој начин ми донесе среќа. Малку позборувавме, ми пружи поддршка. Пресреќен сум, вели Лукијан.
05.02.2014 - 12:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа