Со закана со нож ограбиле бензинска во Прилеп - фатени тројца разбојници

24-годишниот Д.П. од Битола, една година помладиот А.К. и 24-годишниот З.Д. од Прилеп си заработија кривична пријава за разбојништво.

Според податоците од полицијата во ноември 2013 година, на регионалниот пат Градско-Прилеп на бензинската пумпа „Макпетрол“ пријавените маскирани со закана со нож и безбол палка извршиле разбојништво над вработен во бензиската одземајќи парични средства, 11 кутии цигари, оштетувајќи ја бензинската пумпа за износ од 50.100 денари. 

05.02.2014 - 12:13
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа