Се разбуди Попокатепетл

Од мексиканскиот вулкан Попокатепетл од синоќа се издига четири километри виосок столб од чад, а од кратерот излегува жешка пепел која досега прекри три околни села, соопшти Националниот центар за справување со катастрофи.

Вулканот Попокатепетл, кој се наоѓа на 5,452 метри надморска височина и на 55 километри од главниот град на Мексико, е активен веќе втора недела. Во реонот во радиус од 12 километри е зголемена контролата на патиштата кон вулканот, а системот за воздушна навигација е во состојба на тревога.

 

најчитано сега