Пол Вокер целото наследство го остави само на една личност - еве за кого се работи

Актерот Пол Вокер кој неодамна го загуби животот во страотна соораќајна несреќа и го зави светот во црно, целото свое богатство и го оставил на својата ќерка.

Како што пренесуваат светските медиуми, актерот на "Брзи и бесни", не оставил ништо од своето богатство ниту на некој од другите членови на семејството, ниту на неговата девојка со која беше заедно од нејзината 16-годишна возраст, туку целото свое богатство од 25 милиони долари ќе и припаѓа на неговата Мидоу Вокер.

Ќерката на Вокер, израсна на Хаваите со својата мајка, Ребека Сотерос, а пред смртта на татка си се пресели кај него. 

За потсетување, актерот загина во страотна сообраќајна несреќа, а неговото тело за жал изгоре до непрепознатливост.

05.02.2014 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа