Светот згрозен: Се продаваат играчки за несреќата на Шумахер!

Германскиот весник "Титаник", гошокираше светот преминувајќи ги сите граници на здравиот разум во својата статија за Михаил Шумахер. Весникот објави фотографија од Ники Лауда, по тешката повреда, со опис дека ова е последната слика од Михаил Шумахер, кој повеќе од еден месец е во вештачка кома, по несреќата која ја доживеа за време на скијањето на француските Алпи.

Текстот на шест страници изобилува со компарации помеѓу Лауда и Шумахер, што секако ја згрози светската јавност. 

Австрискиот возач се одлучи да го тужи весникот поради овој текст, а најверојатно на истиот чекор ќе се одлучи и семејството на Шумахер.

- Ова е болно и изопачено. Трагедијата ја претворија во забава. Се прашувам, каква личност може да објави вакво ѓубре? Ќе поднесам тужба, вели возачот.

Во текстот, германскиот весник оди дотаму што нуди и играчки за деца во која главен лик е Шумахер на стазата за скијање каде и ја доживеа страотната несреќа, поради што беше подложен на две тешки операции. Фигурата оди по полиња, па продолжува кон еден камен каде Шумахер се удира, па завршува во болница. 

Инаку, магазинот е направен во 1979 година, а од тогаш дури 35 изданија биле забранети за продажба.

05.02.2014 - 09:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега