За 24 часа девет сообраќајки на скопските улици

Во изминатите 24 часа, на подрачјето на Скопје се случиле 9 сообраќајки. Четири од нив биле само со материјална штета, а во четири со полесни повреди се здобиле еден возач на моторно возило, двајца пешаци и еден патник во автобус.

Утринава се случи уште една несреќа, во која повреди заработија четири патници. Сообраќајката се случи на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, кога се судрија два автомобили,„Тојота“ и „Шевролет Калос“.

На скопските улици се случиле уште пет незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција ввчера казниле 10 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и 44 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив 17 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Санкционирани биле и 15 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 75 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот

05.02.2014 - 09:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега