Даниел Кајмакоски: Лорин, омажи се за мене!

Победничката на минатогодишниот Евросонг, Лорин, синоќа имаше спектакуларн настап на музичкото шоу Икс-Фактор. Со двете свои изведби, таа ја воодушеви публиката, натпреварувачите и жирито. 

По својот настап на сите натпреварувачи им даде совет да бидат свои, бидејќи според неа, тоа е формулата за успех во музиката.

По завршувањето на настапот на Лорин, нашиот Даниел Кајмакоски кој повторно ги освои симпатиите на публиката, која гласаше тој да продолжи понатаму во шоуто, ја праша Лорин дали ќе се омажи за него.

- „Лорин ожени ме“, беа зборовите на Даниел.

Изгледа навистина пејачката сите ги воодушеви со сензационалниот настап на Икс-Фактор. Мора да признаеме, пее одлично!

05.02.2014 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега