Седници на две собраниски комисии

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат Комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за труд и социјална политика ќе расправа за Предлог - законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, двата по скратена постапка во второ читање.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година и Предлог - законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, двата во скратена постапка и во второ читање.

Комисијата треба да расправа и по Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Исправката на Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување.

05.02.2014 - 08:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега