Внимавајте: Патиштата низ Македонија се влажни

 

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб снег провејува на Пресека и Буково но не се задржува на коловоз и не претставува проблем за нормално одвивање на сообраќајот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони. 

 Геодетските активности за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А-1, делница Неготино - Демир Капија се завршени и сообраќајот е нормализиран. Завршени се и сите теренски активности (геодетски и геомеханички истраги) долж патниот правец А-1, делница Миладиновци - Куманово. 

 Заради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, се забранува сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван - село Таринци во период од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница. Патниот правец Р2 332, Охрид - Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила. Оваа забрана ќе трае до 31.03.2014 год.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

05.02.2014 - 08:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега