Се будиме на минус 7 степени

 Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб јужен ветер. Зголемена облачност повторно ќе има во југозападните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до еден, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во четврток ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Преодно стабилизирање ќе има во петок.

05.02.2014 - 00:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега