Милена од Куманово е побогата за 100.000 денари
Инстант лозот „детелинка“ на Државна лотарија на Македонија ѝ донесе 100.000 денари на Милена Лазаревска од Куманово.
Добитната „Детелинка“ ја купила во Куманово, во продажното место ЗМЛ МЕН ДОО. Најпрво купила 4 инстанти, од кои два биле без добивка, а другите два имале добивка од 30 ден и 200 ден. Добитните инстанти веднаш ги заменила за нови, па од нив едниот бил недобитен, а веќе следниот и ја донел премијата од 100.000 денари.
Детелинка беше лансиран на крајот на 2012, а во својата добитна комбинација вклучи само парични добивки од кои: 5 добивки по 500.000 денари, десет добивки по 100.000 денари, сто добивки од по 10.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1.000 денари. Лозот нуди добивки во вкупна вредност од 19.500.000 денари, а секој трет крие добивка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа