Старец од Франција се самоуби пред група деца
60-годишен старец се самоуби со истрел од пушка пред десетина деца на едно приватно детско игралиште во Париз.
Тој без проблем влегол на игралиштето, ја свртел цевката од пушката кон себе и се застрелал пред децата и едно возрасно лице.
На детското игралиште веднаш по инцидентот пристигнале екипи од психолози.