Грипот зема замав - нагло зголемен бројот на заболени во Велес

 

Во Велес здравстевните власти регистрираа на нагло зголемување на бројот на заболени од грип.

Според податоците на Центарот за јавно здравје, последната недела од јануари и првите два дена на февруари регистрирани се 115 заболени од грип, исто колку во првите три недели од јануари или вкупно 230 лица.

Докторите апелираат до населението за поголемо консумирање витамини и топли напивки и избегнување масовни собири.

Оние со симптоми на грип, пак, веднаш да се јават на преглед кај матичниот лекар.

04.02.2014 - 16:36
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега