ФОТО: Тинејџерка не може да оди, јаде и зборува откако си вградила силикони
Убавата и згодна Линда Перес преживува вистински хорор откако отишла на операција за зголемување на градите.
Оваа 19-годишна девојка од Мајами, паднала во кома откако била подложена на операција за вградување силикони во градите, отккао дошло до компликации. Сега, за жал. деновите ги поминува вегетирајќи, не може сама да оди, да се храни, да се грижи за себе...таа едвај зборува и тоа само понекогаш.
До компликациите дошло откако посакала да си ги зголеми градите, иако според фотографиите може да процениме дека имала совршена фигура. Таа паднала во кома еден час по операцијата, и откако поминала два месеца во кома, потоа останала неподвижна.
Сепак, лекарите велат дека не е до вградувањето на имплантите, туку дека компликациите настанале кога и била ставена анестезијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа