ВИДЕО: Дупка во земјата проголта автомобил

 

Дупка се отвори  во градот Хај Вајкомб во Велика Британија, а бидејќи на тоа место бил паркиран автомобил буквално го проголтала, пренесува Би- Би- Си.

Во моментото кога земјата се отворила немало никој во автомобилот.

Фил Конран таткото на сопственичката на возилото Зои Смит изјави дека слушнал врисок и Зои како зборува: Мојот автомобил повеќе го нема!

Зои возилото го паркирала ноќ пред тоа, а во неделата наутро кога се разбудила го немало возилото, а останала само длабока дупка.

Семејството е евакуирано од куќата, а локалните власти истражуваат зошто дупката се отворила токму во тоа подрачје.

Минатата година еден човек загина на Флорида, откако дупка се отворила под неговиот кревет додека спиел.

04.02.2014 - 15:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега