ФОТО: Украински демонстрант среде протестите клекна на едно колено и си ја побара саканата за жена

Среде хаосот и демонстрациите кои со месеци ја тресат Украина, конечно се случи и нешто убаво. Еден Украинец си ја запроси девојката среде демонстрациите.

Со кацига и фантомка на главата, облечен во панцир,  и мегафон во рацете, овој демонстрант чиј идентитет се уште не е познат, клекнал на едно колено и ја побарал раката на девојката, среде хаосот кој се случува во Киев. Откако девојката се согласи да се земе со него, неговите другари ја прославија веридбата. 

Веридбата ја овековечил Олексан Сташевскиј со својот фотоапарат.

04.02.2014 - 14:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега