Џоан Роулинг: Би избрала друг крај на “Хари Потер”

”Ја напишав врската меѓу Хермиона и Рон, бидејќи тоа беше мојата желба. Така беше смислено од самиот почеток поради причини кои имаат многу малку со литературата и многу заедничко со мене самата” вели Писателката Џоан Роулинг  воедно и автор на делото Хари Потер.

Во интервју за списанието “Вондерленд” таа признава дека ги споила ликовите Хермиона Гренџер и Рон Визли поради лични причини, а не како што се очекувало. 

”Ја напишав врската меѓу Хермиона и Рон, бидејќи тоа беше мојата желба. Така беше смислено од самиот почеток поради причини кои имаат многу малку со литературата и многу заедничко со мене самата”.

Роулинг признава дека во однос на овој дел од приказната, крајот бил грешка. ”Мислам дека има фанови кои исто го знаат ова и се прашуваат дали Рон би можел да ја направи Хермиона вистински среќна. Можам да замислам неодобрување и бес во очите на некои фанови во однос на финалето помеѓу ликовите.”

04.02.2014 - 14:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега