ВНИМАВАЈТЕ: Нова измама се шири на Фејсбук!

 

На социјалната мрежа Фејсбук деновиве се шири уште една голема измама поради што треба да бидете особено внимателни. 

Доколку на Фејсбук ви пристигне барање за пријателство од личност која веќе ви е пријател, тогаш немојте да ја прифаќате. Со прифаќање на ова пријателство ја воведувате новата личност во својот круг, а на тој начин таа ќе има лесен пристап да ви ги украде лозинката и вашите лични податоци на социјалната мрежа, јави Вистина.мк.

Исто така, на овој начин, преку инсталирање на вирусот Кејген, хакерите можат и да ви влезат во вашиот компјутер, па потоа да ве уценуваат со некој податок, како вашите финансиски податоци.

За оваа измама сеуште малку се знае, па затоа бидете внимателни.

 

 

 

04.02.2014 - 14:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега