Кандидатурата на Црвенковски ќе го „скокне“ Извршниот на СДСМ и ќе оди директно на Конгресот

 

Кандидатурата на актуелниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски само информативно ќе се разгледува на вечерашниот Извршен одбор на СДСМ. Висок партиски функционр за Press24 вели дека кандидатурата на Иницијативниот одбор за останување на Црвенковски е доставена директно до Конгресот согласно член 11 од Статутот на СДСМ, па оттука, за неа Извршниот одбор на СДСМ вечерва нема да одлучува и таа директно ќе оди пред делегатите на 2 јуни. Со неа, иницијативниот одбор доставил и 15.000 потписи, а до Конгресот најавиле дека ќе соберат вкупно 25.000.
Нашиот извор вели дека вечерва ќе се разгледуваат само 4 кандидатури. На Кире Нуамов, Зоран Заев, Зоран Јовановски и Игор Ивановски. Кадровската комисија на СДСМ вечер треба да реши, дали овие кандидати ги исполнуваат условите за да излезат пред Конгресот на 2 јуни и да ја побараат поддршката за претседателски мандат. Согласно партискиот Статут, Комисијата има право да одбие некоја од кандидатурите и таа воопшто да не биде поставена пред Конгресот. 
Ваквиот развој на настаните значи дека на Црвенковкси нема да му биде оставена можност да ја одбие кандидатурата пред таа да се најде на Конгресот. Тоа значи дека до 2 јуни, кандидатите за претседател на СДСМ и членството ќе бидат во неизвесност дали Црвенковски ќе остане на претходно изнесениот став пред највисоките партиски тела дека нов мандат нема да прифати. 

најчитано сега