Која пејачка ќе ги забавува гостите на свадбата на Ѓоковиќ?

Еден до најдобрите тенисери на светот, српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ и неговата свршеница Јелена Ристиќ треба да се венчаат во јули годинава на Свети Стефан или во Монте Карло.

Покрај најблиското семејство на свадбената веселба ќе присустуваат и колегите на Ноле од тениските терени, но и голем бројлуѓе од  светскиот џет-сет.

Како што пишуваат светските медиуми за забавата на свадбената церемонија ќе се погрижи токму Шакира. Таа редовно ги гледа мечевите на Новак на УС опен и е негов голем фан. Се запознале на еден прием во Њујорк и потоа се сретнале уште на неколку хуманитарни настани. Шакира е воодушевена од неговиот шарм и духовитост. Со тек на време станаа пријатели,така што Новак и Јелена одлучиле да ја поканат на нивната свадба.

 Освен Шакира, на венчавакта на Ноле и Јелена се очекува, меѓу останатите, да присуствуваат и Роберт де Ниро, Марија Шарапова и Енди Мареј.

04.02.2014 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега