Еве која песна ќе ја пее Даниел вечер во X-Factor

Вечерашната тема на Х-фактор е „денс“ музиката, а нашиот Даниел Кајмакоски ќе настапи седми по ред. Тој пред своите обожаватели ќе ја испее песната „Wake me up“ од Avicii.

Тамара Милановиќ ќе ја пее „Umbrella“ од Ријана, а Маид повторно ќе пее песна од Здравко Чолиќ.

Симпатичните „Доктори“ ќе изведат песна од Џорџ Мајкл, но во свој препознатлив стил.

 „4U“ подготвуваат кореографија и одличен стајлинг за „When love takes over“ од Кели Роланд.

Преносот вечерва, во стандарниот термин на ТВ Сител

04.02.2014 - 13:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега