Продолжува студеното време во Хрватска и Словенија
Силното невреме кое ги зафати Хрватска и Словенија и понатаму продолжува и го отежнува животот и сообраќајот и создава голем број проблеми.
Најтешка е состојбата во градовите Чабaр, Презид и Тршќе, каде поради голомразицата и паднатите гранки и стебла затворен е патот низ Горски Котар, од Горен Јелен до Чабар, каде може да се движат само интервентни возила.
Целосно се затворени и граничните премини Презид и Замост.
На граѓаните им помага Хрватската планинска служба за спасување, чии членови ги посетуваат постарите и изнемоштени лица, изјави Даниел Фрлет од службата.
Во општините Фружине и Чабар е прогласена елементарна непогода, а денеска во Риека ќе заседава и кризниот штаб.
Поради студеното време без електрична енергија во Словенија се над 50.000 домаќинства.
Љубљана, Постојна, Цеље и Крањ се оковани во мраз, што освен проблеми со електричната енергија го блокира и патниот сообраќај, пишува весникот „Дело“.
Под мраз се голем број патишта низ Словенија, а патиштата некаде се исчистени само колку да може да бидат доствени агерегати за домаќинствата да се снабдат со електрична енергија и вода.
Словенечката Армија интервенира со помош на оклопни возила на непроодните патишта за достава на агрегати и опрема.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа